1. Автоматско пронаоѓање на цефалометриските точки и Анализи
Вештачката интелигенција автоматски ги открива анатомските обележја и го комплетира исцртувањето на потребните точки и линии за неколку секунди.
WEBCEPH драматично го намалува времето и напорот на ортодонтите при ортодонтската анализа и дијагностицирање на случајот.
2. Визуелизација на целите на третманот.
Може многу лесно да симулирате ортодонтски третман и ортогнатска хирургија во секое време и на кое било место.
Симулирајте го третманот и зачувајте го резултатот во датотека како слика или видео без никаква потешкотија.
3. Автоматско суперимпонирање.
Користејќи го WebCeph ќе може лесно и брзо автоматски да извршите суперимпозиција врз на цефалограмската слика.
Можете да го анализарате и следите текот на третманот без комплициран и макотрпен процес на цефалометриска анализа.
4. Преглед на случаи и Катче на случаи
Со само неколку клика, можете лесно да ги подредите и организирате своите клинички случаи во шаблони.
И, можете да го зачувате Вашиот случај во Ваша сопствена библиотека со можност да ги разгледате и проучувате случаите кога сакате.
5. Image Viewer
Introducing WebCeph Viewer features.
WebCeph има три режими на приказ: единечен, двоен и шаблонски.
Можете да го отпечатите резултатот во PDF организирано на повеќе начини.
6. Волшебник за анализи и волшебник за мерење
WEBCEPH поддржува прилагодена цефалометриска анализа и алатки за мерење.
Преку неколку туторијали, ќе може да научите како да направите своја сопствена анализа и мерења.
7. WebCeph Форум, Мислења и Канал
На форумот WebCeph, можете да споделувате корисни информации за ортодонција со други корисници и да го посетите личниот канал на корисниците со кликнување на сликата на профилот на другите корисници во форумот.
Можете да ги објавите Вашите клинички знаења или размислувања на форумот, а со промена на нивото на публицитет на постовите, можете да одредите кој се може даги види Вашите постови или да ги направите јавно за сите да може да прочитаат.
8. Dashboard, Webinar, and Community
Можете да ги разгледате многуте различни функции на WebCeph набрзина и лесно на нашата веб-страница. Во менито Webinar, можете да ги погледнете нашите ортодонтски курсеви и да споделувате предавања со корисниците на WebCeph. Споделете ги Вашите фотографии или видеа на нашиот Форум.